ИСПРАТЕНА ПРВАТА ПОКАНА ЗА ЗЕВА
По посетата на делегацијата на Германската медицинска асоцијација и седницата на Извршниот одбор на Лекарската комора на Македонија беа утврдени термините и главната тема за годинешниот состанок на Симпозиумот на лекарските комори од Централна и Западна Европа (ЗЕВА). Притоа беше договорeно средбата на ЗЕВА да се одржи во Скопје и тоа од 30 септември до 2 октомври.





